Николоски: Орце Ѓорѓиески ќе победи, ќе реализираме проект за градски воз, трамвај и електрични еколошки автобуси
- - Градски воз, трамвај и електрични еколошки автобуси! За решавање на сообраќајот и намалување на загадувањето! Ова се три крупни проекти, историски би рекол, кои координирани од Премиерот Христијан Мицкоски и во соработка со новиот Градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски ќе ги реализираме! Со Орце се знаеме со децении. Беше и шеф на кампања во Изборната Единица 4 во 2020 година кога ја имав честа да сум носител. Орце е цврст карактер и голем борец. Ќе победи и ќе биде одличен Градоначалник!, напиша Николоски на Фејсбук.

Скопкје, 6 јули 2025 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во објава на социјалните мрежи најавува реализација на проекти за градски воз, трамвај и електрични еколошки автобуси во Скопје во соработка со премиерот Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник на Скопје на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски.
Николоски оценува дека Ѓорѓиевски ќе победи и ќе биде одличен градоначалник.
- Градски воз, трамвај и електрични еколошки автобуси! За решавање на сообраќајот и намалување на загадувањето! Ова се три крупни проекти, историски би рекол, кои координирани од Премиерот Христијан Мицкоски и во соработка со новиот Градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски ќе ги реализираме! Со Орце се знаеме со децении. Беше и шеф на кампања во Изборната Единица 4 во 2020 година кога ја имав честа да сум носител. Орце е цврст карактер и голем борец. Ќе победи и ќе биде одличен Градоначалник!, напиша Николоски на Фејсбук.
На седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска е донесена одлука Орце Ѓорѓиевски да биде кандидат за градоначалник на Скопје на ВМРО-ДПМНЕ. лв/aa/
фото: ФБ профил на Николоски