Николоски во Париз: Ќе имаме средба со 11-те најголеми француски компании кои што ќе ги поканиме да инвестираат
- Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Париз ги започна официјалните средби со претставници на Владата на Француската Република, со цел унапредување на политичката и економската соработка меѓу двете земји.
Париз, 24 јуни 2025 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Париз ги започна официјалните средби со претставници на Владата на Француската Република, со цел унапредување на политичката и економската соработка меѓу двете земји.
Во рамки на посетата, како што соопштуваат од Министерството за транспорт, тој веќе остварил средба со првиот човек за Европа во француската влада, а попладнево ќе следуваат разговори со директорката на трезорот, директорот на Агенцијата за поддршка на Франција, како и со претставници на Министерството за економија и финансии.
-Ќе имаме средба со 11-те најголеми француски компании кои што ќе ги поканиме да инвестираат во Македонија, со цел да се отвораат нови и добро платени работни места. Сметаме дека Македонија може да биде атрактивна дестинација за француските инвеститори, нагласил Николоски.
Тој најавил и разговори за развој на инфраструктурата, вклучително и автопатите, железницата и аеродромите, при што потсети дека двата македонски аеродроми се оперирани од француска компанија, со која, како што посочил, соработката е одлична.
Николоски утре ќе се сретне со францускиот министер за транспорт Филип Табаро, како и со претставници на УНЕСКО и пратеници во Француското национално собрание.
-Сметам дека оваа државна посета ќе ги донесе на едно повисоко ниво односите меѓу Македонија и Франција, што е од корист за двете држави, особено во контекст на нашите евроинтеграции и зачувување на македонскиот национален идентитет, додал министерот Николоски.ар/sa/
Фото:МИА архива