• недела, 22 декември 2024

Николовски - Јанев: Жестока борба и целосно сузбивање на криминалот преку заедничко делување на Царината и БЈБ

Николовски - Јанев: Жестока борба и целосно сузбивање на криминалот преку заедничко делување на Царината и БЈБ

Скопје, 22 август 2024 (МИА) - Директорот на Царинската управа Бобан Николовски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска одржаа состанок на кој беше договорено двете страни да почнат да работат на нов меморандум за соработка и протокол за негово спроведување.

Како што информира Царинската управа, преку јасно дефинирање на ингеренциите и подобрување на размената на информации се очекува побрза интервенција, но и асистенција при гонење на криминалот на двете институции.

Николовски истакнал дека борбата со криминалот бара менување на свеста кај царинските службеници дека секој треба да придонесе во борбата со криминалот.

- Експертизата и разузнавачките информации со кои располагаат Царината и Бирото за јавна безбедност обезбедуваат клучни елементи за откривање и разбивање на криминалните организации. Со унапредување на соработката и размената на податоци, но и побрзата интервенција и асистенција на меѓусекторско и меѓуинституционално ниво, очекуваме целосно сузбивање на криминалот, нагласил Николовски.

Директорот на Бирото за јавна безбедност истакнал дека се непоколебливи во решеноста да се стави ред и да се обезбеди сигурност за сите граѓани на државата.

- Само преку заедничко делување, следење на трендовите во областа на техниката и технологијата и целосно подигнување на професионалноста во работењето во целост ќе застанеме на патот на организираниот прекуграничен криминал, потенцирал Јанев. мд/бак/

Фото: Царинска управа 

Остани поврзан