• понеделник, 29 април 2024

Николовски: Се обврзуваме за 70 отсто зголемено производство на енергија и 100 отсто енергетска независност на државата

Николовски: Се обврзуваме за 70 отсто зголемено производство на енергија и 100 отсто енергетска независност на државата

Скопје, 20 април 2024

Во изминатиот период, со посветена работа, силно го интензивиравме процесот на енергетска трансформација. Ја изменивме законската и подзаконска регулатива,  за олеснување на инсталацијата на постројки за производство на електрична енергија од обновливи извори.

Резултатите денес од овие мерки се видливи и реални.

„До 2024 година имаме инсталација на околу 700 МW, нов инсталиран капацитет од обновливи извори на електрична енергија. Постигнавме нов капацитет еднаков на вкупниот инсталиран капацитет во трите блока на РЕК Битола“, истакна Николовски.

Докажавме со дела дека може подобро. Дека можеме наместо да бидеме зависни од увоз на струја, да го ставиме во функција и надоградиме домашниот капацитет. Затоа продолжуваме во таа насока, со јасен план и нови поставени цели. 

„Се обврзуваме за зголемување на вкупното домашно производство на енергија за најмалку 70% до 2028, споредено со 2019 година. На овој начин постигнуваме енергетска независност на државата, самостојно задоволувајќи 100% од потребите. Зголемувајќи го инсталираниот капацитет од обновливи извори за најмалку 100%, во споредба со 2024 година, најмалку 1 милион граѓани би добиле електрична енергија од обновливи извори“, истакна Николовски

Воведуваме огромна промена! Државните енергетски компании ги даваме во рацете и сопственост на граѓаните! 

„Преку ваучер-системот, планираме висок процент од вкупниот број издадени акции на државните енергетски компании, да се поделат еднакво на сите граѓани во Македонија. Сите граѓани, и децата и возрасните, ќе добијат најмалку по 8.000 денари, по жител од вредноста на АД ЕЛЕМ“, истакна Николовски.

Граѓаните да бидат сопственици и контролори на заедничкиот имот!

Се грижиме за граѓаните и предвидуваме забрана за исклучување на ранливите потрошувачи од енергетските мрежи, а ја продолжуваме и поддршката кон ранливите групи на граѓани, во трошоците за електрична енергија, но и поддршка во набавка на нови енергетско-ефикасни уреди и опрема.

„Посветено работејќи изминативе години успеавме невработеноста да ја намалиме на 12,6%. Сега даваме збор дека првпат во историјата на државата ќе имаме едноцифрена невработеност од 7%, до крај на мандатот. Покажаме дека можеме, и знаме како овој даден збор да го направиме реалност“, истакна Николовски.

Продолжуваме да вложуваме во силна домашна економија. Во план се 180 милиони евра за директна финансиска поддршка кон домашните компании, за инвестиции во производство, поттикнувајќи економски раст со 3,5 милијарди евра јавни капитални инвестиции. Исто така планрано е и намалување на работното време од 8 на 7 часа. Го почитуваме и вреднуваме трудот на работникот, се грижиме и ги унапредуваме работничките права.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан