• петок, 03 мај 2024

Николовски: Реизборот за потпретседател на ЕПП во Советот на Европа е потврда за поддршката која ја има ВМРО-ДПМНЕ

Николовски:  Реизборот за потпретседател на ЕПП во Советот на Европа е потврда за поддршката која ја има ВМРО-ДПМНЕ

25 јануари 2024

„Европската Народна Партија е најголема политичка партија во Европа, има најмногу пратеници во ЕП, и најмногу пратеници во Парламентарното собрание на Советот на Европа каде што сум и јас. Има и најмногу премиери и претседатели во држави кои што се земји членки на ЕУ, и ја има и претседателката на ЕУ, Урсула Фон Дер Лајен“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија говорејќи за тоа што беше реизбран за потпретседател на групата на Европската народна партија во Советот на Европа.

„Доаѓате од мала држава како што е Македонија, сме во земјите кои што имаат најмалку гласови затоа што оди и според пропорција на број на жители. Мислам дека е сериозно достигнување, но други треба да зборуваат за мене. Но, факт е дека е сериозно достигнување“, појасни Николоски.

Тој додаде дека залудно е оцрнувањето на власта кон ВМРО-ДПМНЕ, сепак делата говорат дека ВМРО-ДПМНЕ се залага за да Македонија влезе во ЕУ.

„СДС и ДУИ многу сакаат да се фалат со поддршка на странците. Но, не гледам дека нив ги бираат на било која позиција, еве нас не бираат. Не можам да се сетам за ниеден посериозен избор на било која позиција од страна на кандидат номиниран од СДС или ДУИ. А, запазете плус се владејачки партии и ја имаат целата логистика на Владата, на македонската дипломатија, итн.“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски посочи дека тој сам успеал бидејќи ја нема логистиката како што ја имаат партиите кои што се на власт.

„Не видов на пример да било кој од Македонија да е избран па макар и за обичен чинар, или писар во било која институција каде што Македонија членува. Еве со ОБСЕ претседававме, не слушнав дека било кој од Македонија е избран пошта да прима во ОБСЕ. А, да не зборувам за посериозна позиција“, нагласи Николоски.

Тој рече дека од власта не можат да се пробијат ниту во некоја од институциите во кои што Македонија членува. А, тоа говори дека власта е неспособна.

„Таму не се пробивате со корупција, таму се пробивате со квалитет“, нагласи тој.

„Македонија имаше единствена можност да организира самит на ОБСЕ во рамки на сопствено претседателство, самитот наместо да е за Македонија победа стана пораз од причина што се наместија два тендери“, заклучи Николоски.

Тој укажа дека поради власта се вакви состојбите во Македонија.

Ковачевски нема да е сигурно премиер после 8-ми мај, ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи на парламентарните и претседателски избори и Христијан Мицкоски ќе биде премиер после 8-ми мај и таа работа е јасна. Во однос на оставката на Ковачевски, ова е оставка која требаше да се случи многу порано, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во „За или против“ на Алфа телевизија.

Николоски истакна дека ќе остане оваа влада на СДС и ДУИ како една од најбезличните влади кои Македонија ги имала и влада која убедливо е најкорумпирана и која најмногу ги погази националните интереси.

- Да не заборавиме ова е владата која го прифати бугарскиот диктат и прифати дека македонскиот народ е дрво без корен, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик и тоа е официјална Резолуција испратена од страна на Бугарија испратена во ЕУ согласно истиот предлог кој го прифати Ковачевски. Прифатија дека македонскиот народ нема историја пред Втората светска војна, нема своја културна засебност и дека македонската држава е вештачка творба. Вакво национално предавство никој претходно немал, а нема ни да има во иднина, потенцираше Николоски.

Николоски додаде дека јасно е дека СДС и ДУИ знаат дека ги губат изборите, но ова раководство на СДС направи да се понижи македонскиот народ и да се чувствува како гостин во сопствена држава.

- Суштински е дека ова раководство на СДС дозволи да целосно се избрише волјата на македонскиот народ и политичка партија со само 10% од пратениците во Собранието, а тоа е ДУИ да добие премиер и на тој начин да си го реализира концептот за прв премиер Албанец, така што дотаму стигнаа што покрај газењето на националните интереси, дозволи да се случува еден терор врз македонскиот народ како мнозински во Македонија, односно македонскиот народ да се чувствува како гостин во сопствената држава, изјави Николоски.

Тој посочи дека многу Македонци ги дале своите животи за оваа држава, за да доведиме во ситуација заради некој ден повеќе на власт и криминал и корупција, закони за игри на среќа, тендери во РЕК Битола и слични коруптивни активности да се дозволи македонскиот народ да е газен и тероризиран.

Тоа е најголемото зло кое ова раководство на СДС и го нанесе на Македонија и ќе треба многу време и енергија да го бришеме, рече Николоски.

„Јас прв пат пролетта 2018 година реков дека дури и да се реши спорот со името Грција, се додека оваа влада е на власт, Македонија нема да почне преговори со Европската Унија. И еве, денес оваа влада си замина, со различен премиер, но составот горе долу е ист и СДСМ и ДУИ дури и во одредени министри цело време се министри во овој период од седум години и тоа го темелев врз основа на кредибилни информации кои што ги добивав и сеуште ги добивам од неколку големи центри кои што ми велат со ова ниво на криминал и корупција во Македонија, Македонија нема шанса да почне преговори со Европската Унија. Или во најдобар случај за Македонија, би го почнала преговорите и за три до шест месеци би добила вето заради криминал и корупција  и немање функционален систем на владеење на правото и мојата теза се темелеше на таа работа“, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во денешното гостување во „За или против“ на телевизија Алфа.

Николоски додава дека власта со години го утепа од лажење народот дека кај и да е ќе влезат во Европска Унија и тогаш, во периодот кога тврдеше дека Македонија нема да започне преговори со унијата, всушност одеше спротивно на ветрот  бидејќи во тој период имаше една силна пропаганда дека еве само што не сме ги отвориле портите на рајот, а ВМРО-ДПМНЕ реално беше слабо.

„Беше тешко, но јас верував во она што го кажувам. И еве испаднав, за жал, во право. Велам за жал, затоа што јас не сум среќен што мојата држава не напредува и не сум среќен што Македонија назадува, но ја кажував вистина. Јас ја кажував вистината надевајќи се дека тогаш од опозиција ќе можам како опозиционер да влијаам на власта да се коригира. Но нас тие не сфаќаа злонамерно, пуштаа соопштенија за мене дека тоа што го зборувам е научна фантастика, но еве, таа научна фантастика, за жал, се реализира“, рече Николоски, додавајќи дека Македонија и после толку години и после толку отстапки, сеуште чека да ги отпочне преговорите со Европската Унија.

Но, додава Николоски, за да се случи отворањето на преговорите со унијата потребно е Македонија да го реши проблемот со криминалот и корупцијата и да воспостави ефикасен систем на владеење на правото, нешто што оваа владина гарнитура предводена од СДСМ и ДУИ тоа нема ниту волја, ниту знае како да спроведе.

„Македонија се додека не го реши проблемот со криминалот и корупцијата нема да може да мрдне од мртва точка, десет пати може да се смени уставот пак ќе е исто. И обратно, доколку се воспостави функционален систем на владеење на правото и има јасна битка со криминалот и корупцијата, позициите на Македонија кон Бугарија ќе се многу подобри. Затоа што сега никој не ја притиска Бугарија, а не ја притиска затоа што, најмалку пет големи главни градови за земји членки на Европската Унија, не се уверени дека Македонија треба да почне преговори со ЕУ и затоа не вршат никаков притисок врз Бугарија. Инаку, да не се лажеме, немаме ние проблем со најсилната членка на ЕУ, ние имаме проблем со најслабата или втората најслаба земја членка на ЕУ, многу повеќе Европската Унија и треба на Бугарија, одошто Бугарија и треба на Европската Унија“, рече Николоски.

Така да, додаде тој, основната причина зошто Македонија не ги почнува преговорите со Европската Унија се криминалот и корупцијата, затоа што владите во влијателните земји членки на ЕУ во своите држави имаат опозиција и не сакаат да седнуваат на иста маса со корумпираните владини претставници од Македонија и да си наштетат на својот имиџ што би се одразиле и во намалување на гласови на избори.

 

Николоски додаде дека, изминатите околу седум години направена е огромна штета врз Македонија, така што на ВМРО-ДПМНЕ, кога ќе ја преземе власта после изборите, ќе му треба многу енергија и време за да ги поправаме грешките и националните катастрофи кои што ги направи Заев, Димитров, Ковачевски и останатите, затоа што сите тие национални предавства, како Договорот од Преспа и со Бугарија не се решава во пет минути само со еден потпис, како што некои тврдат и го лажат народот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан