• недела, 22 декември 2024

Николовски: Измените на кривичниот законик ја покажаа злоупотребата на власта

Николовски: Измените на кривичниот законик ја покажаа злоупотребата на власта

Скопје, 19 октомври 2023 (МИА) – Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски измените на кривичниот законик ги оцени како доказ за „бруталноста и злоупотребата на власта“. Тој рече дека има застарување за претходни судски случаи, но има и амнестија за идни.

Николовски во вечерашното гостување на Канал 5 потсети на претходни обиди за злоупотреба на европското знаменце.

-Пробаа законот за медицинска марихуана да го поминат со ЕУ знаменце во корист на фамилијата Заеви, па се повлекоа. Вториот закон кој што нема никаква врска со ЕУ е законот за игри на среќа кој што исто така е со ЕУ знаменце и кој што го туркаат во моментов во собрание, со цел да се задоволат бизнис интересите на Артан Груби. И закон кој што исто така влезе со ЕУ знаменце е овој за амнестија и затоа ние рековме доколку се обидуваат да продолжат да го понижуваат собранието ние немаме ниту еден друг начин освен да одиме на излезна врата, посочи Николоски.

Рече дека опозицијата не го напушта Собранието со цел да го спречи донесувањето на лоши закони.

-Причината зошто до сега не го напуштавме Собранието беше токму за да спречиме изгласување на лоши закони. И многу спречивме и многу номинации спречивме. Спречивме Јовевски да стане уставен судија, спречивме закон со кој што земјоделското земјиште во Македонија можеше да се трансформира за фотоволтаици, па Македонија да нема храна од каде да произведува и бројни други, нагласи Николоски.

Посочи и дека со измените на кривичниот законик се избриша ставот 5 делот кој што се однесува на местење на тендери.

-Јас во мојот говор јасно кажував кој се ќе биде спасен од одговорност и кој се спаси со измените на кривичниот законик, таму работата е јасна. Се избриша ставот 5, делот кој што се однесува на местење на тендери. Сега местење тендер веќе не е кривично дело. Вториот проблем е злосторничко здружение каде што казната од 10 нагоре се намали на три години,  нагласи Николоски.

Според него суштината на измените на кривичниот законик е дека има застарување за претходни судски случаи но има и амнестија за идни.

Николовски воедно излезе со информација дека грчкиот електропреносен систем е заинтересиран за купување на дел од МЕПСО.

-Сакам да кажам вечерва нешто ексклузивно, едно специјализирано издание за енергетика во Грција се појави информација дека грчкиот електропреносен систем е заинтересиран за купување на дел од МЕПСО. И тоа на начин или преку зголемување на основачкиот капитал, или преку преземање на удели“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Додаде дека со тоа земјава ќе ја изгуби својата енергетска независност.

-Тоа значи дека грчкиот електропреносен систем сака да купи дел од македонскиот електропреносен систем и на тој начин Македонија целосно да ја изгуби својата енергетска независност,оцени тој. свс/нд/

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан