• вторник, 14 мај 2024

Ние не сакаме војна и се стремиме кон мир, изјави привремениот либански премиер

Ние не сакаме војна и се стремиме кон мир, изјави привремениот либански премиер

Бејрут, 27 ноември 2023 (МИА) - Привремениот либански премиер Наџиб Микати изјави дека „правилата за водење на воените дејствија на јужната граница меѓу Либан и Израел остануваат исти, но нема меѓународни гаранции што ќе ни дадат каква било безбедност“, .

„Гледаме дека агресијата врз Газа се спроведува секојдневно и никој не се грижи за тоа, ниту пак предизвикува меѓународни реакции“, рече Микати во интервју за Турската радио-телевизија (ТРТ).

- Ние не сакаме војна и се стремиме кон мир, а во исто време не сакаме некој да ја осквернува либанската земја, додаде тој. - Ние целосно ја поддржуваме палестинската кауза, но се трудиме да го поштедиме Либан да не влезе во крвави борби. ссм/

фото: архива

Остани поврзан