• среда, 24 јули 2024

Нивото на Вардар во Велес 90 сантиметри, за 17 сантиметри повеќе во однос на ноемврискиот просек

Нивото на Вардар во Велес 90 сантиметри, за 17 сантиметри повеќе во однос на ноемврискиот просек

Велес, 28 ноември 2023 (МИА) - По последните врнежи од снег и дожд  Вардар во Велес на мерното место кај  Стар мост денеска е со ниво од 90 сантимети, што пак е 38 сантиметри повеќе  споредено со вчера кога беа  измерени 52 сантиметри, информираат за МИА од Центарот за управување со кризи ЦУК Велес.

Воедно со денешните 90 сантиметри нивото на Вардар е за 17 сантиметри и над просекот за ноември од минатите години кој бил 73 сантиметри.

-По денешните обилни попладневни врмежи за утре се очекува дополнително зголемување на нивото, но засега е далеку под критичното ниво и нема опасност за излевање на Вардар во Велес, потенцираат  од ЦУК Велес.ад/лв/

фото: МИА 

 

Остани поврзан