• понеделник, 23 декември 2024

Нивоата на повеќе реки се под просекот за септември

Нивоата на повеќе реки се под просекот за септември

Скопје, 27 септември 2023 (МИА) - Нивоата на повеќето реки во земјава се под просекот за септември, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, единствено покачување на нивото на водата се бележи на реката Црн Дрим кај Ложани, на Пчиња кај Катлановска бања и на Вардар кај Демир Капија.

Водостоите на Охридското, Препанското и на Дојранското Езеро, според денешните мерења, се во рамки на просекот. дма/бак/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан