• недела, 21 јули 2024

Неформална вечера на шефовите на делегациите на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје

Неформална вечера на шефовите на делегациите на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје

Скопје, 29 ноември 2023 (МИА) - Во Скопје почна неформалната вечера на министрите за надворешни работи кои учествуваат на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа - ОБСЕ, чиј домаќин е шефот на дипломатијата на Северна Македонија и претседавач на ОБСЕ Бујар Османи.

Тема на која ќе разговараат шефовите на делегациите од земјите членки на ОБСЕ и држави партнери е воената агресија врз Украина и потребата од функционална Организација во време на конфликти и зголемени тензии.

На вечерата присуствуваат министри за надворешни работи на САД, на ЕУ, на земјите членки на ЕУ, Велика Британија, на земјите партнери од Медитеранот, Блискиот Исток и од Азија. 

По вечерата предвидена е и културна програма за високите гости со настап на Влатко Стефановски, Теодосиј Спасов и Дамир Имери.

На најголемиот политичко-дипломатски настан што се случил во државава од осамостојувањето, ќе учествуваат 76 делегации од 57 земји членки и држави партнери на Организацијата.

На Министерскиот состанок се очекуваат одлуки за изборот на претседавач за 2024 година, за што на подготвителниот состанок на амбасадори на 57-те земји членки неделава во Виена е постигнат консензус тоа да биде Малта, а треба да се одлучува и за буџетот, како и за именувања за клучните позиции во институциите на ОБСЕ.. вг/aa/

Фото: МИА

Остани поврзан