• петок, 10 мај 2024

Нетанјаху: Предавањето на десетици терористи е почеток на крајот на Хамас

Нетанјаху: Предавањето на десетици терористи е почеток на крајот на Хамас

Тел Авив, 10 декември 2023 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека во изминатите неколку дена „десетици терористи на Хамас“ им се предале на израелските сили, што, како што рече, претставува „почеток на крајот на Хамас“, објави Тајмс оф Израел.

-Во изминатите неколку дена, десетици терористи на Хамас им се предадоа на нашите сили. Тие го оставија оружјето и им се предадоа на нашите храбри борци, рече Нетанјаху во видео-обраќање.

Тој изјави дека фактот што борците на Хамас им се предале на израелските сили го покажува неуспехот на Хамас и неговата борба против Израел.

-Ќе биде потребно повеќе време, војната се уште е во полна сила, но ова е почеток на крајот на Хамас, рече Нетанјаху. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан