• среда, 25 декември 2024

Нетанјаху: Постои датум за инвазија врз Рафа

Нетанјаху: Постои датум за инвазија врз Рафа

Ерусалим, 8 април 2024 (МИА) – Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека „постои датум“ за воена инвазија врз градот Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа.

Тој во денешната видеопорака истакна дека операцијата во Рафа е од суштинско значење за победата на Израел во војната со Хамас.

- Тоа ќе се случи. Постои датум, истакна Нетанјаху, не откривајќи детали.

Нетанјаху зборуваше за инвазија врз Рафа додека во Каиро израелски и претставници на Хамас разговараа за прекин на огнот.

Нетанјаху постојано инсистира Израел да испрати војници во Рафа, градот кој важи за последно упориште на палестинските милитанти на Хамас, но меѓународната заедница, вклучително и најблискиот сојузник на Израел, САД, се спротивставуваат на најавената операција, бидејќи околу 1,4 милиони цивили кои побегнале во градот сериозно ќе бидат загрозени. Израел постојано повторува дека има план да ги заштити цивилите.

Според неименуван израелски извор, Израел купува 40.000 шатори за да се подготви за евакуација на Рафа. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан