• недела, 22 декември 2024

Нетанјаху во разговор со Трамп: Ќе носиме одлуки во наш национален интерес

Нетанјаху во разговор со Трамп: Ќе носиме одлуки во наш национален интерес

Тел Авив, 21 октомври 2024 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговарал со поранешниот американски претседател Доналд Трамп, објави вчера Кабинетот на премиерот.

-Премиерот Нетанјаху го повтори она што веќе го кажа јавно: Израел ги зема предвид прашањата покренати од американската администрација, но на крајот ќе донесе одлуки врз основа на своите национални интереси, соопшти канцеларијата.

Трамп, републиканскиот претседателски кандидат, подоцна им рече на новинарите во Филаделфија дека имал „многу убав разговор“ со Нетанјаху во саботата.

Тој посочи дека израелскиот лидер го прашал за мислење што да прави во врска со Иран.

-Тој ме праша што мислам. И јас само реков, направи го тоа што мораш, рече Трамп.

Израел ја разгледува својата воена реакција на неодамнешните ирански ракетни напади. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан