• петок, 04 октомври 2024

Нетанјаху: Воена цел е и враќање на Израелците во северниот дел на земјата

Нетанјаху: Воена цел е и враќање на Израелците во северниот дел на земјата

Ерусалим, 17 септември 2024 (МИА) – Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху деенска изјави дека воена цел на Владата е и враќање на населението во северниот дел од земјата, од каде побегна поради нападите на либански Хезболах.

- Владиниот совет за политика и безбедност одлучи во воени цели да го вклучи безбедното враќање на жителите од север во нивните домови, истакна Нетанјаху.

Израелските сили и либанската вооружена група поддржана од Иран речиси секојдневно се напаѓаат откако почна војната во Појасот Газа. Стотици луѓе загинаа во насилството, од двете страни. Поради судирите десетици илјади жители ги напуштија своите домови од двете страни на границата.

Целта на нападите на Хезболах е да се поддржи Хамас во војната против Израел. ми/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан