• четврток, 22 февруари 2024

Несогласувања во италијанската влада за продажба на акции во државните железници

Несогласувања во италијанската влада за продажба на акции во државните железници

Рим, 27 ноември 2023 (МИА)-Италијанската влада не треба да го продаде својот удел во државната железничка групација Ферови дело Стато, како што предложи министерот за економија во планот за намалување на државниот долг, изјави денеска министерот за инфраструктура Матео Салвини.

За да го намали јавниот долг, Владата планира да собере околу 20 милијарди евра од 2024 до 2026 година со продажба на државен имот.

Министерството за финансии минатата недела продаде 25 отсто од акциите во банката Монте деи Паски ди Сиена, а министерот за економија Џанкарло Џорџети во октомври рече дека би можело да се продаде удел во државната железничка и автопатска мрежа.

Меѓутоа, кога новинарите на настан во Милано го прашаа дали неговото министерство ќе продаде удел во Феровие дело Стато, Салвини категорично одговори „не“, јави новинската агенција Анса.

Салвини ја извршува функцијата вицепремиер и е лидер на владејачката коалиција Лига. Министерството за финансии го проучува предлогот да им понуди регулирани приноси на инвеститорите пред да ја пласира групата на берзата, изјави добро информиран извор за Анса во октомври. јт/

Остани поврзан