• петок, 12 декември 2025

Нема веќе одење во Царинската управа по потврди за царински долг, Централниот регистар со еден клик ги гледа електронски 

Нема веќе одење во Царинската управа по потврди за царински долг, Централниот регистар со еден клик ги гледа електронски 

Скопје, 12 декември 2025 (МИА) - Хартиените потврди за царински долг (платени царински давачки) кои се потребни за упис и промени на правниот субјект стануваат минато. Централниот регистар со само еден клик, елетронски, ги добива овие податоци од Царинската управа, што за фирмите и граѓаните значи заштеда на време и ресурси. Истовремено, се овозможува безбедност, интегритет и точност на податоците со што се делува и во насока на сузбивање можни измами.

Ова го соопштија денеска директорите на Царинската управа и Централниот регистар, Бобан Николовски и Анита Стамнова кои на прес-конференција информираа за електронското поврзување на двете институции.

Како што напомена Николовски, досега годишно се издаваа по 7 000 до 9 000 хартиени потврди за царински долг што значеше пет до десет дена обработка на секое барање и административен товар за фирмите и граѓаните низ целата држава.

-Нема веќе одење во Царина за потврди за царински долг, Централниот регистар со еден клик ги гледа електронски. Сега граѓаните нема да мораат веќе да доаѓаат лично до централната управа во Скопје или да ангажираат адвокати кои ќе им ги вршат овие услуги во нивно име и за нивна сметка. Со овој чекор, јасно ги покажуваме нашите заложби за создавање подобри услови за водење бизнис, преку намалување на бирократските процедури и зголемување на ефикасноста на администрацијата, како едно од клучните ветувања пред бизнис заедницата. Бизнисот нема време за чекање, а ние како институции сме должни и јасно ги демонстрираме нашите напори кон создавање одржливо општество во кое економскиот раст ќе биде движен од зголемената ефикасност и доверба во системот, потенцира директорот.

Според Стамнова, ако порано беа потребни неколку дена за добивање на потребните потврди од Царината, како и да се патува од другите градови во Скопје, сега, преку електронско поврзување, потврдите ќе се добиваат за неколку минути. 

– Rreth 80.000 kompani janë aktive në vend, ndërsa për 40 për qind është rritur numri i atyre që në mënyrë elektronike parashtrojnë fatura, informon sot drejtoresha e Regjistrit Qendror, Anit

-Ова е првата фаза од надградбата на едношалтерскиот систем. Втората фаза е надградбата во однос на документите кои се добиваат од УЈП - потврдата за платени даноци и придонеси. Потоа ќе следи поврзувањето со Централниот регистар на население за автоматско преземање на податоците на граѓаните и на деловните субјекти за платените царински давачки. Ова значи заштеда на време за граѓаните, заштеда на финансиски средства, пред се на патните трошоци, но и намалување на административната работа, подвлече Стамнова.

Централниот регистар и Царинската управа, додаде, остануваат посветени на трансформација на услугите со фокус на корисниците и нивните потреби, користејќи модерни дигитални технологии за овозможување поедноставни и поефикасни услуги.

-Продолжуваме да ги развиваме нашите услуги и ги охрабруваме сите чинители во давањето јавни услуги за бизнисите и граѓаните на меѓусебна соработка со цел имплементација на поефикасни електронски услуги, односно градење функционален систем на јавни услуги како основа за враќање на довербата во институциите на државата, рече директорката. мч/вг/

фото: МИА

Остани поврзан