• сабота, 29 јуни 2024

Нгуесо реизбран за претседател на Конго

Нгуесо реизбран за претседател на Конго
Бразавил, 23 март 2021 (МИА) - Денис Сасу Нгуесо со 88,57 отсто гласови е реизбран за претседател на Конго, покажуваат првичните резултати од избортеe што се одржаа во неделата. Нгуесо (77) владее со Конго 36 години. Тој дојде на власт во Конго со воен удар во 1979 година, а ги загуби првите повеќе партиски избори во 1992 година, но се врати на власт во 1997 година по граѓанската војна. Неговиот главен противник, поранешниот министер за Гај-Брис Парфејт Колелас почина од последици на Ковид-19, само еден ден по претседателските избори. ми/

Остани поврзан