• петок, 15 ноември 2024

Министерство за одбрана на Украина: Уништен руски центар за вселенски надзор на Крим

Министерство за одбрана на Украина: Уништен руски центар за вселенски надзор на Крим

Киев, 29 јуни 2024 (МИА) - Министерството за одбрана на Украина денеска потврди дека украинските одбранбени сили го уништиле рускиот центар за вселенски надзор и комуникација на Крим, кој е под контрола на Русија.

Во соопштението се наведува дека Центарот за вселенски надзор и комуникации на Крим е важна воена компонента во сателитскиот комуникациски и навигациски систем за Русите.

„Покрај тоа, вооружените сили на Украина успешно ги погодија јуришните авиони Су-25, системот за воздушна одбрана Оса и два МЛРС 'Град' на руската армија. Целата оваа опрема е уништена“, соопшти украинското Министерство. паг/

Фото: МИА архива

 



Остани поврзан