• недела, 22 декември 2024

Дачиќ: Ова е терористички напад

Дачиќ: Ова е терористички напад

Белград, 29 јуни 2024 (МИА) - Министерот за полиција Ивица Дачиќ оцени дека нападот врз припадник на Жандармеријата со самострел пред изреалската амбасада во Белград е терористички акт, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој кажа дека се сомнева дека зад напаѓачот стои вахабистичко движење и дека превентивно се уапсени уште неколку лица во близина на полициските објекти.

Како што објави РТС, напаѓачот повеќе пати се приближувал до полициската куќа за обезбедување за да праша нешто, а потоа ја отворил вратата и го застрелал во вратот припадникот на Жандармеријата.

Жандармот отворил оган во самоодбрана и го застрелал напаѓачот кој им подлегнал на раните.

Директорот на Клиниката за ургентна хирургија КЦС проф. Д-р Павле Грегориќ за РТС изјави дека операцијата на ранетиот припадник на Жандармеријата е во тек, за отстранување на стрелата од вратот.

Ненад Стефановиќ, главен јавен обвинител на белградското Јавно обвинителство, изјави дека дежурниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград наредил обдукција на напаѓачот и сите други неопходни дејствија со цел да се расветлат сите околности на денешниот напад врз припадникот на Жандармеријата М.Ј. (34), кој бил на должност како обезбедување на израелската амбасада во Белград. об/паг/

 

Остани поврзан