• недела, 23 јуни 2024

НБА: Бостон поведе во големото финале

НБА: Бостон поведе во големото финале

 

Бостон, 7 јуни 2024 (МИА) – Кошаркарите на Бостон Селтикс триумфираа со 107:89 против Далас Маверикс во првиот натпревар од финалето во НБА лигата.

Џејлен Браун го предводеше домашниот тим со 22 поени, а закрепнатиот Кристапс Порзингис додаде 20 кошеви.

Забележителен настап имаше и Дерик Вајт, кој натпреварот го заврши со 15 поени.

Во редовите на Далас најефикасен беше Лука Дончиќ со 30 поени, а Пи Џеј Вашингтон го заврши натпреварот со 14 поени.

Бостон фуриозно го почна натпреварот и веќе во првото полувреме имаа недостижна предност од 29 поени, реализирајќи дури 16 тројки во првите две четвртини.

Следниот натпревар оф финалната серија до четири победи е закажа за в недела вечер, исто така, во Бостон. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан