• среда, 22 јануари 2025

На Црвениот крст му се потребни 139 милиони евра за итна помош за Сирија

На Црвениот крст му се потребни 139 милиони евра за итна помош за Сирија

Женева, 23 декември 2024 (МИА) – Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина денеска апелираа за 130 милиони швајцарски франци (околу 139 милиони евра) за помош на пет милиони луѓе во Сирија.

Фондот ќе му помогне на сирискиот огранок на Црвената полумесечина „да обезбеди витална помош за заедниците низ целата земја“, се вели во соопштението на Федерацијата со седиште во Женева.

Пакетот итна помош вклучува „основна здравствена заштита, храна и засолниште, финансиска помош и психолошка поддршка за трауматизираните лица, како и помош за семејствата кои се обидуваат да ги најдат своите најблиски кои исчезнале за време на 13-годишниот конфликт“, се додава во соопштението.

Сирија се соочува со тешка хуманитарна криза поради долгата граѓанска војна која доведе до пад на претседателот Башар ал Асад на 8 декември под притисок на коалицијата бунтовници предводена од исламистичката група Хајат Тахрир ал Шам. јт/

Фото: Меѓународна федерација на Црвениот крст

 

Остани поврзан