• сабота, 16 ноември 2024

На Украина и требаат помалку војници отколку што се претпоставуваше, изјави врховниот командант на вооружените сили на Украина

На Украина и требаат помалку војници отколку што се претпоставуваше, изјави врховниот командант на вооружените сили на Украина

Киев, 29 март 2024 (МИА) - Украинската армија ќе треба да мобилизира помалку луѓе отколку што првично се очекуваше за да се спротивстави на руската инвазија, изјави висок генерал од Киев.

Претседателот Володимир Зеленски во декември рече дека армијата понудила да мобилизира уште 500.000 Украинци во вооружените сили откако Русија ги засили нападите долж линијата на фронтот долга 1.000 километри.

Врховниот командант на вооружените сили Олександр Сирски, кој беше назначен на функцијата минатиот месец, во интервју за украинските медиуми објавено денеска изјави дека по прегледот на ресурсите, тој број е „значително намален“. Тој не прецизираше нова бројка.

„Очекуваме дека ќе имаме доволно способни луѓе да ја бранат нашата татковина. Зборувам не само за мобилизираните, туку и за доброволците“, изјави Сирски за украинската новинска агенција Укринформ. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан