• среда, 24 април 2024

На територија на цела држава 156 санкции за брзо возење

На територија на цела држава 156 санкции за брзо возење

Скопје, 19 март 2024 (МИА) - Во спроведената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден се санкционирани 156 возачи, соопшти МВР.

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 73 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 83 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.цр/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан