• петок, 26 јули 2024

На територијата на цела држава казнети 182 возачи за брзо возење

На територијата на цела држава казнети 182 возачи за брзо возење

Скопје, 1 март 2024 (МИА) - Во спроведена акциска контрола на територија на цела држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден санкционирани се 182 возачи, соопшти денеска МВР.

Од нив, шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 80 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 102 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. цр/бак/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан