• среда, 12 јуни 2024

На Табановце приведен скопјанец баран со меѓународна потерница

На Табановце приведен скопјанец баран со меѓународна потерница

Скопје, 29 мај 2024 (МИА) - На граничниот премин Табановце вчера полициски службеници привеле скопјанец баран со меѓународна потерница. 

- На 28.05.2024 во 15.45 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Л.(34) од Скопје. При извршена проверка во оперативната евиденција било констатирано дека тој бил баран од Секторот за меѓународна полициска соработка - Интерпол за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик, наведува МВР во денешното соопштение.

Тој е предаден во СВР Куманово, а потоа и спроведен во затворот Скопје за издржување на казната. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан