• петок, 22 ноември 2024

На патните правци Маврово-Маврови Анови и Берово-Струмица останува забраната за камиони

На патните правци Маврово-Маврови Анови и Берово-Струмица останува забраната за камиони

Скопје, 17 декември 2023 (МИА) - На патните правци Маврово-Маврови Анови и Струмица-Берово останува забраната за сообраќај за тешки товарни возила. 

Забраната беше воведена од вчера поради обилните врнежи од снег. На патот Струмица-Берово, тим на јавното претпријатие „Македонијапат“ во текот на вчерашниот ден работеше и на отстранување на паднатите дрвја на овој патен правец. 

На останатите патишта низ државата, според утринските информации на Авто мото сојузот на Македонија, сообраќајот се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Синоптичарите за денеска највауваат променливо облачно и студено време претпладне, а преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан