• понеделник, 23 декември 2024

На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ на Љупчо  Јолевски

На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ на Љупчо  Јолевски

Охрид, 6 август 2024 (МИА) – Дваесет и шестиот ден од програмата на годинешното „Охридско лето“ е резервиран за промоцијата на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ на нашиот автор и новинар „Љупчо Јолевски

Љупчо Јолевски професионалната новинарска кариера ја започнал во почетокот на 1980-те во весникот на младите на Македонија – „Млад борец“. Безмалку едновремено со  почетокот од Интердисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Една деценија подоцна, во 1990-те се префрла во Втората програма на Македонското радио, каде бил новинар и водител на неколку контактни и музички емисии, за од 1995 година покрај редовните програмски обврски, цели четири години да биде уредник – координатор на култната Стотројка (Музичкото радио – Канал 103), која во тој период за своите програмски дострели ја добива и Годишната награда на МРТВ.

Истото ова признание што го доделуваше МРТВ Љупчо Јолевски, како новинар и уредник, ќе го добие во 1998 година.

Во таа декада и половина, тој  со своите текстови бил присутен во ревијата Екран, магазините „Рок“, „Време забаве“, „Македонско време“, „Град“…

Јолевски има објавено две книги „Радио“ и „Неправилен ритам – Приказни од современата македонска музичка сцена“ и за својата долгогодишна работа во новинарството минатата година ја доби наградата „13 ноември“ што ја доделува Град Скопје. 

Промоцијата ќе се одржи во ПРедворјето на „Света Софија“ од 21 часот. аб/цр

Фото: Охридско лето

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан