• среда, 11 декември 2024

На Новосадскиот саем за туризам презентација на македонската туристичка понуда

На Новосадскиот саем за туризам презентација на македонската туристичка понуда

Белград, 29 ноември 2024 (МИА) - На 55. Меѓународен саем за туризам во Нови Сад на кој се претставуваат 240 излагачи од 12 земји, Агенцијата за подршка и промоција на туризмот ги преставува македонските туристички потенцијали, јави дописникот на  МИА од Белград.

-Ова е одлична можност за вмрежување и остварување на контакти, како и испитување на пазарот за интересот и што е она што го бараат, не само  српските туристи, за туристичките потенцијали на нашата држава. Интерес постои за здравствениот туризам, културниот туризам, манастирскиот и винскиот туризам. Остваривме контакти со странски тур оператори и преставници на агенции кои работата на аутгоинг туризмот, т.е. агенции кои се заинтерсирани да ги носат нивните туристи во Македонија, меѓи кои се Германија, Австрија, Словенија, Хрватска, Унгарија и соседните земји, изјави Биљана Стефановска, директор на Агенцијата за подршка и промоција на туризмот.

Земја партнер на овогодишниот Новосадски саем за туризам е Унгарија, и за три дена тој ќе ги собере изложувачите од Србија, Унгарија, Северна Македонија Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Албанија, Бугарија, Тунис, Грција и Русија.

Во рамки на саемот беа доделени и наградите Туристичка призма за нов кавлитет во туризмот, а од Македонија годинава награда доби хотелот Цар Самоил од Бања Банско. об/сст/

 
Фото-МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан