• сабота, 29 јуни 2024

На млада гостинка во хотел во Чаир ѝ се слошило, со Итна помош била транспортирана до Клинички центар каде починала

На млада гостинка во хотел во Чаир ѝ се слошило, со Итна помош била транспортирана до Клинички центар каде починала
Скопје, 13 ноември 2022 (МИА) – На млада 27-годишна жена која престојувала во хотел во скопски Чаир синоќа ѝ се слошило поради што била повикана Инта помош, која ѝ укажала медицинска помош и ја транспортирала до Клиничкиот центар каде починала. Како што информираат од МВР, синоќа во 0:50 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош било пријавено дека од хотел на улицата „Чаирска“ во Скопје за укажување лекарска помош била земена Р. Д.(27), која била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починала, при што од лекар била констатирана смрт без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а лицето е предадено на обдукција. вј/ев/

Остани поврзан