• сабота, 29 јуни 2024

Без вода денеска населбите Жданец, Трно Дол и Нерези и ул. 3 во Батинци

Без вода денеска населбите Жданец, Трно Дол и Нерези и ул. 3 во Батинци

Скопје, 29 јуни 2024 (МИА) - Поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф 80мм. на улица Жданец бр.2 на самата кривина, денеска без водоснабдување ќе бидат корисниците од населба Жданец, н.Трно Дол и н.Нерези.

Како што информираат од ЈП Водовод и канализација - Скопје, водоснабдувањето за овие скопски наслелби ќе биде прекинато од 09:20 часот до завршување на работните активности,  

Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на улица 3 бб. Батинци, со прекинато водоснабдување денеска се и корисниците од Батинци. Водоснабдувањето за овие корисници е прекинато од 08:00 часот утрово, а ќе трае до завршување на работните активности, наведуваат од Јавното претпријатие. вг/

Фото: МИА Архива

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан