• сабота, 29 јуни 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 29 јуни 2024 (МИА) - Денеска (29.06.2024) во 00.10 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.В.(26) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 28.06.2024 во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Ф.М. (27) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по чл. 247 ст. 2 од КЗ. Лицето ќе биде предадено на надлежна казнено поправна установа.

На 28.06.2024 во Скопје полициски службеници од ПС Кисела Вода го лишија од слобода Г.С. (30) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по чл.235 од КЗ. Лицето ќе биде предадено на надлежна казнено поправна установа.

На 28.06.2024 во 16.10 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода В.Х.(35) од Радовиш. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. За настанот бил запознаеен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 28.06.2024 во 14.20 часот, на улицата „Партизанска“ во Струга, патничко моторно возило „пасат“ со ресенски регистарски таблици, што го управувала Е.Х.(51) од ресенското село Крани, удрило во малолетничка од струшкото село Радолишта. Малолетничката е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде и се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршија јавен обвинител и полициски екипи.

На 28.06.2024 во 07.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“, на делницата од крстосницата со магистрален пат и бул.„Ленинова“ до крстосницата која води во Зона Север, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт-539“, управуван од В.А.(65) од с.Баница, струмичко, и мотоцикл „кимко“, управуван од К.М.(44) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

На 28.06.2024 во 13.40 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.Г.(62), и мотор „априлија“, управуван од О.Л.(20), двајцата од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на моторот а со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

На 28.06.2024 во 23.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари Р.А.(22) од Скопје пријавила дека на ул.„Брсјачка буна“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 28.06.2024 во 16.00 часот во Полициската станица Карпош В.С.(49) од Скопје пријавила дека на Средно Водно била касната од куче скитник.

На 28.06.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Гази Баба А.Д.(51) од Скопје пријавил дека на ул.„Трифун Хаџијанев“ во Скопје бил каснат од куче скитник. вг/

Фото: МИА Архива

               

 

 

 

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан