• четврток, 25 април 2024

На Копаоник три сантиметри снег

На Копаоник три сантиметри снег

Белград, 17 април 2024 (МИА) – На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопшти вечерва за агенцијата Бета локалната метеоролошка станица.

Дежурниот метеоролог Милан Дубовац изјави дека врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.

Тој додаде дека температурата е минус три степени Целзиусови и оти моментално дува ветер од северен правец со брзина и до три метри во секунда. јт/

Фото: Интернет камера во живо

Остани поврзан