На единствениот избирачки список за албанската дијаспора 245.808 лица, најмногу во Италија и Грција
- -Единствениот избирачки список е утврден и во дијаспората треба да гласаат 245.808 лица. Најголем број граѓани кои ќе гласаат од странство има во Италија 91.210 лица, а по неа е Грција со 68.292. Следни се Германија со 25.491, САД со 20.669 и Велика Британија со 17.583 објави ЦИК.

Тирана, 24 март 2025 (МИА) - Албанската Централна изборна комисија информираше дека во единствениот избирачки список за дијаспората се над 245 илјади албански граѓани кои треба да го искористат правото на глас на парламентарните избори на 11 мај.
-Единствениот избирачки список е утврден и во дијаспората треба да гласаат 245.808 лица. Најголем број граѓани кои ќе гласаат од странство има во Италија 91.210 лица, а по неа е Грција со 68.292. Следни се Германија со 25.491, САД со 20.669 и Велика Британија со 17.583 објави ЦИК.
Се проценува дека надвор од матичната земја живеат и работат над 1,1 албански граѓани со право на глас. За гласање се пријавиле над 294.000 лица, но на околу 50.000 апликациите им се одбиени поради различни недостатоци.
Гласачките ливчиња ќе бидат испратени на нивна домашна адреса, во земјата каде живеат и работат, кои потоа треба да ги вратат назад. Трошоците се на товар на Централната изборна комисија(ЦИК), кои заедно со печатењето на ливчињата, ќе изнесуваат над 12 милиони евра.
Доколку процесот се одвива според предвидените рокови, во периодот од 8 до 16 април се планира да заврши испраќањето на гласачките ливчиња.
Мајските парламентарни избори се 11-ти по ред, по падот на комунистичкиот режим, на кои за првпат право на глас има и дијаспората.
Во тек е утврдување на единствениот избирачки список од кој ќе бидат избришани пријавените од дијаспората.
ЦИК исто така информираше дека имињата на 16 кандидати за пратеници се дадени на темелна проверка до Обвинителството. вт/