На денешен ден
- 1221.- Роден е кастилијанскиот крал Алфонсо X Учениот, кој е познат како втемелувач на законодвството, покровител на науката и знаењето, како и на верската толеранција. Во текот на владеењето со Кастиља и Леон од 1252 година до неговата смрт во 1284 година во Телодо создал центар за учење и место за прибежиште за многу Евреи. Со неговото залагање биле преведени Светото писмо, Талмудот и Куранот и напишал многу значајни дела: „Кралски закон“, „Астролошки знаења“, „Минералогија“, а во 1270 година започнал со пишување на делото „Големи и општи истории“. Го зазел и пристаништето во Кадис на брегот на Атлантскиот Океан, со што ја завршил петвековната маварска окупација на градот.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.