• сабота, 18 мај 2024

На граничниот премин Евзони откриени 90 килограми канабис во камион од Северна Македонија

На граничниот премин Евзони откриени 90 килограми канабис во камион од Северна Македонија
Атина, 30 август 2021 (МИА) – Со помош на кучиња душкачи и припадници на грчката Независна служба за јавни приходи, на граничниот премин Евзони, во камион што во Грција влегол од Северна Македонија, биле откриени 90,5 килограми канабис, јави дописничката на МИА од Атина. Суровиот канабис, според грчките медиуми, бил спакуван во 88 пакувања скриени во петте резервните гуми под камионот. Возачот на камионот бил уапсен. ср/бак/

Остани поврзан