• среда, 19 март 2025

На градскиот плоштад во Кавадарци оддадена почит на загинатите во Кочани и побарана одговорност

На градскиот плоштад во Кавадарци оддадена почит на загинатите во Кочани и побарана одговорност

Кавадарци, 18 март 2025 (МИА) - Одговорност побараа кавадарчани на градскиот плоштад, оддавајќи почит кон загинатите во дискотеката во Кочани. Цвеќе и пораки испишани на транспаренти, се оставаат на споменикот на градскиот плоштад. 

- Излегоа да слават, не да ги оплакуваме. Тие гореа, институциите замижаа. Празни чевли, полни гробишта, доста беше. До кога вака? Одговорност. Солзите се зборови што срцето не може да ги изговори. Оганот се уште гори во нас - се пораките оставени со многу емоции. 

Убиство на младината е убиство на иднината, порачаа кавадарчани. 

- Пепел сме за вас, но оган сме за правдата. Денес Кочани, утре кој - е испишано на еден од транспарентите. 

Заедно со почитта кон загинатите, се изразува и поддршка кон нивните најблиски и повредените и нивните семејства. свд/

Фото: МИА

Остани поврзан