На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу 30 минути
- Поради зголемена фреквенција на возила утрово на ГП „Богородица“ за излез и на ГП „Табановце“ за влез во државата се чека од 15 до 30 минути.
![На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу 30 минути](https://mia.mk/images/20230804070727_big_730x400_63.webp )
Скопје, 4 август 2023 (МИА) -. Поради зголемена фреквенција на возила утрово на ГП „Богородица“ за излез и на ГП „Табановце“ за влез во државата се чека од 15 до 30 минути.
Како што соопшти АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. мд/
Фото: МИА архива