• недела, 29 септември 2024

На Бериша сепак не му завршува пратеничкиот мандат, отсуствувал со причина

На Бериша сепак не му завршува пратеничкиот мандат, отсуствувал со причина

Тирана, 26 јуни 2024 (МИА) – На поранешниот албански премиер и поранешен шеф на државата, Сали Бериша, кој е во куќен притвор не му завршува пратеничкиот мандат, бидејќи отсуствувал со причина, изјави претседателката на Парламентот, Линдита Никола.

Таа истакна дека Бериша отсуствува од Парламентот повеќе од шест месеци, но со причина, па затоа не му се одзема мандатот“.

На Бериша, кој од 30 декември минатата година е во домашен притвор, откако беше обвинет за корупција, минатиот месец му беше укинато правото на плата, додека претходно и сите додатоци што ги добиваат пратениците.

По барање на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција пред изрекувањето на мерката, на 21 декември, Парламентот му го одзеде пратеничкиот имунитет. вт/ми/

Остани поврзан