• понеделник, 01 јули 2024

На аеродромите во Берлин се планираат стотици откази поради ситуацијата со коронавирусот

На аеродромите во Берлин се планираат стотици откази поради ситуацијата со коронавирусот
Берлин, 22 јули 2020 (МИА) - Државниот оператор со аеродромоте во Берлин планира во следните неколку години да укине 400 работни места, поради пандемијата на коронавирусот што силно ја погоди воздухопловната индустрија. Потребни се значителни намалувања во администрацијата и операциите, се вели во писмото до вработените во кое денеска мала увид и германската новинска агенција ДПА. - Проценуваме дека во наредните неколку години ќе бидат укинати 400 работни места, напишаа во писмото шефот на аеродромот Енгелберт Луетке Далдроп и директорот на одделот за човечки ресурси Мајкл Халберштат. Компанијата во моментов има околу 2.170 вработени. јт/

Остани поврзан