• вторник, 11 февруари 2025

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Скопје, 10 февруари 2025 (МИА) - Утрово е најстудено во Берово, -11 степени, а најмногу снег има на Попова Шапка, 31 сантиметар, информира УХМР. 

До 08:30 часот се измерени и -8 степени во Крива Паланка и Маврови Анови, -7 е на Попова Шапка и во Битола, -6 во Крушево, Скопје-Петровец, Штип, Велес и Прилеп, -4 во Кавадарци, Виница и Скопје-Зајчев Рид, -3 во Охрид и Претор, како и -2 во Гевгелија и Струмица.

Снег има и во Маврови Анови, 13 сантиметри.

Според УХМР, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе се движи од 4 до 11 степени. И во Скопје преку ден сончево со мала до умерена облачност, слаб ветер од југоисточен правец и максималната температура до 9 степени. мч/са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан