• петок, 20 декември 2024

Најновата колекција фустани на „Ејч-енд-Ем“ од рециклирани материјали

Најновата колекција фустани на „Ејч-енд-Ем“ од рециклирани материјали
Лос Анџелес, 19 јуни 2020 (МИА) - Новата колекција фустани на „Ејч-енд-Ем“ што е направена претежно од рециклирани и одржливи материјали, се сосредоточува на одржлива модна иднина, како што велат оттаму. Така, дел од фустаните се направени цели од органски памук, целулозни влакна или рециклиран полиестер, а други - со мешан состав од најмалку 50 отсто удел на ткаенини добиени од одржливи извори. Целта на компанијата е, како што се знае од порано, до 2030 година облеката да се изработува исклучиво од рециклирани и одржливи материјали.  си/сд/

Остани поврзан