• четврток, 30 јануари 2025

Најмалку 30 тела досега се извлечени од Потомак по судирот на авион и хеликоптер кај Вашингтон

Најмалку 30 тела досега се извлечени од Потомак по судирот на авион и хеликоптер кај Вашингтон

Вашингтон, 30 јануари 2025 (МИА) – Најмалку 30 тела се извлечени од реката Потомак во близина на Вашингтон по несреќата во која патнички авион се судри со воен хеликоптер, јавија локалните медиуми.

Нуркачите пронајдоа и една од двете црни кутии на авионот. Хеликоптерот бил превртен, но се чини дека е главно недопрен.

Несреќата се случила синоќа кога авион со 64 лица се судрил со воен хеликоптер Блек Хок со тројца војници и паднал во реката Потомак при обид да слета на националниот аеродром „Роналд Реган“ во близина на Вашингтон.

Официјален претставник за Си-Би-Ес изјави дека досега не се пронајдени преживеани. јјт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан