Најмалку 30 Палестинци убиени во израелски напади во Појасот Газа
- Најмалку 30 Палестинци се убиени во израелските напади низ Појасот Газа од утрово, соопштија палестински медицински извори.
Газа, 22 август 2025 (МИА) - Најмалку 30 Палестинци се убиени во израелските напади низ Појасот Газа од утрово, соопштија палестински медицински извори.
Изворите изјавија за Ал Џезира дека меѓу жртвите се вклучени и 25 Палестинци убиени во градот Газа, каде што бомбардирањето беше најинтензивно.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) почнаа да издаваат „први предупредувања“ вчера, пред планираната офанзива, до медицинските власти и меѓународните организации во северниот дел на Појасот Газа да ги евакуираат цивилите од градот Газа.
Во соопштението се вели дека израелските воени претставници им рекле на медицинските претставници и групите за помош во северната енклава „да се подготват за движење на населението кон јужниот дел на Појасот Газа“.
-Разговараме за можноста армијата да влезе во градот Газа. Ќе има целосна евакуација од Газа кон јужниот дел на Појасот Газа, според ИДФ. мс/
фото: ЕПА архива