Најмалку 23 луѓе загинаа при воздушен напад врз пазар во Хартум
- Суданската армија изврши воздушен напад врз пазар во Хартум, при што загинаа најмалку 23 луѓе, а 40 се повредени
Хартум, 13 октомври 2024 (МИА) – Суданската армија изврши воздушен напад врз пазар во Хартум, при што загинаа најмалку 23 луѓе, а 40 се повредени.
Во близина на пазарот е лоцирана една од базите на паравоените Сили за брза поддршка (РСФ).
Од почетокот на конфликтот помеѓу суданската армија и во април 2023 година, загинаа над 16.000 луѓе, а речиси 10 милиони лица ги напуштиле своите домови. ми/
фото: МИА архива