• четврток, 21 ноември 2024

Најмалку 20 ранети во напад на Хезболах во северен Израел

Најмалку 20 ранети во напад на Хезболах во северен Израел

Тел Авив, 13 октомври 2024 (МИА) – Најмалку дваесет лица се повредени, од кои пет потешко, откако дрон се урна во областа Бињамин во северен Израел, јавија израелските медиуми.

Израелските медицински служби соопштија дека три лица се во критична состојба.

Според Џерусалим пост, дроновите биле лансирани од Хезболах од подрачје на јужен Либан, а во Израел не биле активирани тревоги за предупредување. јт/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан