• сабота, 21 декември 2024

Најмалку 20 загинати во стампедо при црковен собир во Танзанија

Најмалку 20 загинати во стампедо при црковен собир во Танзанија
Дар ес Салам, 2 февруари 2020 (МИА) - Најмалку 20 лица загинаа во стампедо за време на црковен собир во Танзанија, соопштија денеска властите. До метежот дојде кога верниците беа повикани да влезат само на еден од влезовите на црквата за да дојдат до „маслото за миропомазание“, се наведува во соопштението на владиниот портпарол. Стотици верници се собраа на собирот на кој служеше популарниот проповедник Бонифас Мвампос во градот Моши, на северот на таа африканска земја. паг/

Остани поврзан