• сабота, 22 февруари 2025

Најмалку 18 загинати во стампедо на железничка станица во Њу Делхи

Најмалку 18 загинати во стампедо на железничка станица во Њу Делхи

 
Њу Делхи, 16 февруари 2025 (МИА) - Најмалку 18 лица, од кои 10 жени и три деца, загинаа, а 10 се повредени во стампедо на железничка станица во Њу Делхи, јавија денеска индиските медиуми.

Повикувајќи се на официјални лица, индиската телевизија NDTV објави дека инцидентот се случил вчера околу 20:00 часот по локално време, на два перона каде што патниците чекале да се качат во воз за градот Прајаграж, населба изградена за да ги прими посетителите на фестивалот Маха Кумб.

Индиската железница негираше дека имало стампедо, но потврди дека неодреден број луѓе се повредени и пренесени во болница. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан