• петок, 25 октомври 2024

Најмалку 13 повредени во експлозија во популарна продавница во Романија

Најмалку 13 повредени во експлозија во популарна продавница во Романија

Ботосани, 7 јуни 2024 (МИА) – Најмалку 13 лица се повредени во експлозија во продавница „Направи сам“ во градот Ботосани во североисточна Романија.

Локалните власти соопштија дека еден од повредените е во тешка состојба.

- Еден од повредените е во тешка состојба и е интубиран, додека 10 лица се свесни, но со различни повреди и изгореници. На сите им е укажана лекарска помош, соопшти итната помош.

Се наведува дека е алармирана хеликоптерската единица за итни случаи и оти на местото на несреќата се испратени две возила на брза помош и две противпожарни возила.

Се уште не е јасно што ја предизвикало експлозијата, ниту дали се повредени клиенти или вработени. јт/

Фото: Х

Остани поврзан