• четврток, 21 ноември 2024

Најмалку 13 луѓе загинаа, а 15.000 се раселени поради поплавите во Кенија

Најмалку 13 луѓе загинаа, а 15.000 се раселени поради поплавите во Кенија

Најроби, 12 април 2024 (МИА) - Најмалку 13 лица загинаа, а 15.000 се раселени поради поплавите во Кенија, соопштија Обединетите нации.

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања, повикувајќи се на Црвениот крст на Кенија, соопшти дека се погодени речиси 20.000 луѓе, вклучително и околу 15.000 раселени поради обилните дождови и поројните поплави низ целата земја.

Во претходните години, поплавите за време на сезоната на дождови во Кенија убија илјадници луѓе, главно во близина на езера и големи реки.

Црвениот крст на Кенија соопшти дека пет главни патишта се отсечени поради поплави.

Генералниот секретар на Црвениот крст на Кенија, Ахмед Идрис, изјави за Citizen TV дека работат на „спасување животи“, вклучително и опремување засолништа и обезбедување чиста вода за пиење за раселените за да се спречи ширењето на болести кои се пренесуваат преку вода.

Тековната сезона на дождови се очекува да го достигне својот врв кон крајот на април и да заврши во јуни. ссм/

фото: принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан