Најмалку 115 лица загинаа во израелски воздушни напади врз Газа
- „Тајмс оф Израел“ наведе дека засега не е можно независно да се потврди оваа бројка, ниту пак е познато колку од жртвите се цивили, а колку се борци.
Газа, 15 мај 2025 (МИА) – Во утринските интензивни воздушни напади на израелските сили врз Појасот Газа загинаа најмалку 115 лица, наведуваат медицински извори, а пренесуваат палестинските медиуми.
„Тајмс оф Израел“ наведе дека засега не е можно независно да се потврди оваа бројка, ниту пак е познато колку од жртвите се цивили, а колку се борци.
Нападот се случи во време кога израелската армија интензивно се подготвува за најавената голема копнена офанзива во Газа, која, според израелските претставници, би можела да биде започната доколку до крајот на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на регионот не се постигне договор за заложниците.
Во повеќекратните израелски воздушни напади врз градот Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, во текот на претходната ноќ се убиени 54 лица, наведуваат од болницата Насер во овој град. сд/
фото:МИА архива